Бројот на украинските бегалци кои ја напуштија земјата по руската инвазија надмина 3,5 милиони луѓе, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР). Повеќе од два милиони Украинци влегоа во Полска.
Останатите влегоа во Унгарија, Романија, Словачка и Молдавија. Десетици илјади потоа влегле во други земји низ Европа, според УНЦХР.
Се проценува дека милиони луѓе се раселени внатре во Украина по војната со Русија на 24 февруари. Се проценува дека близу десет милиони Украинци морале да ги напуштат своите домови.
