ОН објави дека 100.000 луѓе го напуштиле Техеран во првите два дена од војната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обединетите нации денес објавија дека околу 100.000 луѓе го напуштиле Техеран во првите два дена од војната меѓу Израел и Соединетите Американски Држави против Иран.

„Се проценува дека 100.000 луѓе го напуштиле Техеран во првите два дена по израелско-американските напади“, објави Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), пренесува Ал Џезира.

Се вели дека најновите извештаи не укажуваат на зголемување на прекуграничните движења поврзани со неодамнешните воени настани.