Бројот на заразени од ден на ден опаѓа, и поради тоа од следниот понеделник се очекува ослободување од превентивните мерки за заштита од Ковид-19 и постепено враќање на граѓаните во нормала. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека укинувањето на полицискиот час, отворањето на кафетериите, бизнисите и градинките зависи од Комисијата за заразни болести о каде ја анализираат ситуацијата. Филипче порача граѓаните да не прават подготовки за патување бидејќи границите нема да се отворат пред јуни.
Филипче вели дека ублажувањето на мерките следи како резултат на подобрената состојба со коронавирусот а не за политички поени. Тој рече дека не е вистина дека тестираат помалку граѓани за да има помал случај со заразени, туку дека владините мерки дале резултат.
Инаку од следната недела и здравствените институции ќе се вратат во нормала отворајќи ги вратите за сите пациенти. На утрешната средба меѓу министерот Филипче и директорите на болниците ќе се одлучи за начинот на функционирање на клиниките , за тоа колку пациенти ќе се примаат и како ќе се одвиваат хируршките интервенции кои беа одложени веќе два месеца. Термините за контрола ќе се закажуваат преку “Мој термин“. Во Куманово на своите работни места се враќаат 50 здравствени работници кои го победија коронавирусот а почнува со работа и одделот за гинекологија.
