Локалните избори 2021 во Кичево и натаму се топ тема овие денови. Изјавите на албанските политички партии дека секоја ќе излезе со свој кандидат, е закана за поделба на гласовите. Универзитетскиот професор Мерсим Максути вели дека политичките партии треба да ги спуштат партиските знамиња да седнат и да се договорат за заеднички кандидат.
„Албанците од Кичево, посебно одредени поединци и политички партии треба да ги намалат нивните лични но и партиските амбиции, да ги спуштат партиските знамиња и да најдат лик кој ќе ги обедини сите политички партии со цел да не ја загрозат победата во градот Кичево, бидејќи Кичево е поинаков случај за разлика од другите градови каде живеат Албанци“, истакна Мерсим Максути.
Максути смета дека доколку не дојде да гласа дијаспората, тоа ќе биде уште една загуба за Кичево знаејќи дека голем број Албанци живеат во дијаспората.
„Овој факт сите го знаеме, поради демографски причини бидејќи сме загрозени, уште повеќе од емиграцијата, многу граѓани надвор од градот и овој факт сите го знаат. Затоа почнувајќи од овој факт политичките партии не смеат да направат тесни партиски калкулации со што ќе го загрозат нашиот општ интерес“, додава Мерсим Максути.
И професорот по економија Фљутурим Салиу смета дека врз база на бројките, најдобрата одлука е да се поддржи еден кандидат од сите партии,бидејќи во спротивно се распарчува албанскиот глас 65% со 35% врз база на гласовите од последните избори.
„АНАЛИЗА – Локалните избори 2021 Се претпоставува 12.000 гласа за албанскиот кандидат без дијаспората и 11.000 гласа за македонскиот кандидат. Доколку се поделат гласовите на Албанците, тогаш македонскиот кандидат, пресметано во проценти, ќе добие околу 48-49 отсто, а со додатна мобилизација тој процент ќе порасне на 50 отсто со +1 стандардна грешка. А од 100% албански гласови кои последните два циклуси гласаа за еден кандидат, доколку тие ги поделиме на 2 кандидата како што е најавено, тогаш албанските гласови ќе ги делиме на 65 отсто за едниот кандидат и 35% за другиот. Доколку Албанците одат со еден кандидат и без мобилизација на дијаспората, тогаш се претпоставува ќе добие 52 отсто од гласовите. Во овие цифри не е пресметана миграцијата од последните 4 години“, вели професорот Флутурим Салиу.
Тв21 контактираше и СО претставници од албанската дијаспора. Велат дека е време за промена и дека би сакале да се избере кандидат од дијаспора кој би бил прифатлив за сите албански политички партии.