Општина Бутел ја „блокира“ изградбата на училиштето во Визбегово? – Не одговара на новинарските прашања, а дозвола за градба не издава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На  местото каде се планираше да се изгради училиштето во Визбегово не е поместен ниту еден камен. Советничката на Град Скопје, Халиде Палоши, која своеволно одблиску ги следеше процедурите за училиштето, вели дека тие се при крај. Според неа потребно е само одобрение од општина Бутел за да се постави каментемелникот на ова место.

„Имаше големи пречки но се надевам дека веќе стигнавме до крајот. Сите законски процедури кои требаше да завршат досега се завршени и моментално Министерството за образование достави барање за да добие одобрение од Општина Бутел за изградбата и чекаме“, истакна Халиде Палоши.

Палоши вели дека не и е јасно зошто е потребно толку време општина Бутел да издаде одобрение.

„Не ми е јасно зошто треба да чекаме уште една недела за одобрение за изградба поради тоа што законските процедури завршиле и сметам дека не е потребно толку време Министерството за образование да добие одобрение“, додава Халиде Палоши.

Се обидовме да контактираме со градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, за да го прашаме дали ќе даде одобрение, но тој не одговори.

Инаку за ова училиште многу се ветуваше и се зборуваше, но секогаш пречка беа процедурите. Како последица на тие процедури трпеа децата на ова населба кои требаше да поминуваат по неколку километри за да стигнат до училиштето.