Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека најдобра е онаа војна која може да се избегне. Тој ова го изјави за време на посетата на Србија, на отворањето на брзата пруга Белград – Нови Сад, како дел од проектот „брза меѓународна пруга Белград – Будимпешта“.
Орбан присуствуваше на отворањето заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Најдобра е онаа војна која може да се избегне. Никој не сака војна. Ние се наоѓаме пред сериозен предизвик, како и другите земји“, рече Орбан.
Тој исто така потенцираше дека неговата земја ќе се обиде да го сочува мирот и пријателството со Србија.
