Орбан: Подготовките за самитот Трамп-Путин во Будимпешта сѐ уште се во тек

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Подготовките за мировниот самит меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во Будимпешта сè уште се во тек, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На својот Фејсбук профил, Орбан напиша дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто моментално е во Вашингтон и дека разговорите продолжуваат, иако датумот за средбата сè уште не е одреден, објави Ројтерс.

„Самитот ќе се одржи кога ќе дојде време“, рече Орбан.

Претходно Доналд Трамп потврди дека самитот е откажан, поради тоа што, како што кажа: „не сака уште еден пропаднат состанок“.