Орбан: Прием на Украина во ЕУ ќе значи банкрот за Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека политиката на Брисел е фокусирана на воена поддршка за Украина, чиешто влегување во ЕУ ќе доведе до банкрот на Европа.

„Брисел сака да го забрза членството на Украина во ЕУ, без оглед на цената. Не можеме да дозволиме нашите деца да плаќаат за глобалистичките фантазии на Брисел“, рече Орбан.

Тој изјави дека „европските пари се внесуваат во Украина со колички, а економијата на ЕУ доживува акутен недостиг на средства“.

„Мора да признаеме дека без САД нема да можеме да ја финансираме ниту украинската армија, ниту украинската економија“, рече Орбан во интервју за Радио Кошут.

Покрај тоа, вели Орбан, лидерите на ЕУ се обидуваат да обезбедат забрзан влез на Украина во ЕУ до 2030 година.

„За да го финансира овој процес, Брисел планира да земе „огромен заем“, што ќе доведе до долг кон ЕУ. Во оваа смисла ЕУ треба да ги поддржи мировните инцијативи за решавање на украинскиот конфликт“, истакна Орбан.