Орбан пристина во Москва на „мировна мисија“ со Путин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, пристигна во Москва во рамки на „мировна мисија“, изјави неговиот портпарол Берталан Хаваси.

Се очекува за време на престојот во Москва Орбан да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави Хаваси.

Претходно денеска, во интервју за Радио Кошут, Орбан изјави дека Унгарија, како претседавач со ротирачкото претседавање со ЕУ, нема мандат да преговара во име на Унијата, но дека сака да преземе чекори за мир во Украина.