Орбан: Русија е преслаба за да го нападне НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во интервју за францускиот канал LCI, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не ја гледа Русија како реална воена закана за земјите од НАТО, бидејќи се покажала неспособна да постигне воени цели во Украина.

Иако оцени дека Украина ја губи војната, тој нагласи дека Москва е премногу слаба за да може да се спротивстави на НАТО алијансата:

„Тие се премногу слаби – не можат ниту да ја победат Украина, а да не зборувам за НАТО.“

Орбан додаде дека не верува оти војната ќе ескалира во глобален конфликт, бидејќи Русија нема капацитет за такво нешто.