Орбан: Словачкиот премиер Фицо е меѓу животот и смртта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Словачкиот премиер Роберт Фицо е на работ на смртта два дена по обидот за атентат што ја потресе Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за јавното радио, пренесе Ројтерс.

„Се молиме за премиерот и ја поддржуваме Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“, истакнал и Унгарецот.