ОРЛ во Куманово се уште без апарат за анестезиологија, Сали: Во фаза на набавка сме, ќе треба уште малку време

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неодамна ТВ21 извести дека граѓаните имаат бројни поплаки за болницата во Куманово, особено за Одделот за уво, нос и грло каде поради немање апарат за анестезиологија и анестезиолози не можат да се вршат операција, па поради тоа граѓаните се препраќаат на клиниките во Скопје или Тетово. На почетокот на март, министерот Беким Сали, најави дека овој оддел ќе го добие потребниот апарат, но без да даде конкретен рок кога би се случило тоа. Но, и по речиси два месеца, министерот вели дека се во фаза на набавка.

Првиот човек на здравство истакна дека за одделот за ОРЛ има персонал, но од друга страна, признава дека има дефицит на кадар, бидејќи голем број лекари си заминале од државата.

Инаку, кумановската болница е единствената која го покрива североисточниот дел и е една од поголемите општи болници во земјава, но сепак, од разни причини голем број операции не се прават таму, а пациентите се упатуваат на другите клиники низ земјава.