Кривичниот суд од Скопје, ја соопшти одлуката дека е продолжен притворот на Орце Камчев, кој беше осомничен во случајот „Плацеви на Водно“. Неговиот адвокат претходно објавил дека поднеле барање, службената белешка на АНБ да се прогласи за незаконит доказ во постапката, а воедно поднел и барање притворот да му се замени со поблаги мерки, на што судот засега не донел одлука.
Од скопскиот суд соопштија:
„Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена“.
