Жителите од областа Река во Маврово Ростуше веќе неколку дена се блокирани бидејќи мостовите што ги поврзуваат нивните села се оштетени од поплавите во овој регион.
Според жителите веќе 4 дена ниедна институција не ги посетила, а некои од жителите од селата Невишта, Грекање, Стримница и Итстрово се и без електрична енергија.
Доколку продолжи ваквата ситуација тие стравуваат дека може да останат без храна и лекови. Претседателот на месната заедница на селото Невишта од општина Маврово Ростуше вели дека немаат друг пат и сега се блокирани.
„Кај оваа клисура каде што сме, осум села се споени, поминуваат по овој пат, друг пат нема, тие од село Истрово што се наоѓа тука има околу 20 куќи, и им треба помош. Овде нашите институции, нашата држава нема преземено мерки, ниту општината, ниту Националниот парк Маврово. Овде се чека 80 години, не се инвестира, ова само се расипува и не се инвестира“, велат Ферит Алили.
„Националниот парк ги користи овие улици 80 години и никогаш не пружил помош во Истрово, повеќе од 20 куќи немаат струја и општината мора да преземе одредена одговорност“, вели Зеќир Авдија.
„Три-четири дена некои селани се заробени бидејќи нема друг начин да се поврзат со градот. Бараме институциите да преземат мерки за ваквата состојба барем патот за жителите кои живеат во село Истрово да биде прооден, бидејќи во 21 век некој нема пат да стигне до сопствената куќа“, вели Емин Џафери.
Горнореканските села се во рамките на општина Маврово Ростуше, додека најголем дел жителите од овие села ја напуштиле државата поради немање инвестиции.
