Шефот на дипломатијата Бујар Османи ги повика претставниците на бугарските здруженија во земјава да побараат графа за пописот. Ваквиот повик доаѓа само еден ден по реакциите во врска со правата на бугарската заедница во земјава и барањето на бугарскиот претседател Румен Радев безбедносните служби во неговата земја да преземат мерки во заштита на овие граѓани, за што пак, Османи не излезе со реакција за ваквата изјава.
„Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничка држава. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во оваа смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава. Претставници на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот“, истакна Бујар Османи.
Направи ли грешка Османи поради тоа што таква графа има, а како што велат првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, таква графа секогаш имало. Тоа може да се потврди и со фактот што во изминатите пописи постојат статистички податоци и за бројот на граѓаните кои се изјасниле како Бугари, кои на последниот попис во 2002 година се изјасниле 1.487 лица.
Во меѓувреме повторно нова реакција но и закани сега од Здружението за граѓани Македонско-бугарско пријателство.
Оттаму со притисоци кон граѓаните кои поседуваат бугарски пасош на претстојниот попис да се изјаснуваат како Бугари, во спротивно ќе им се одземе или пак оние кои се изјасниле Бугари ќе добијат полесно пасош.
„Согласно Законот за бугарско државјанство од 1999 година на лицето може да му се одземе истото, доколку се докаже дека во текот на постапката дало лажни податоци. Согласно измените на законот, потенцијалните апликанти од Република Македонија, во иднина ќе можат полесно да се стекнат со државјанство на Република Бугарија“.
Сепак податоците кои се даваат при пописот се лични и никој нема право да добие податоци кој како се изјаснил, уверува Симовски. Тој рече дека досега иако имало барање од Бугарија за одредени лица како се изјасниле на попис такви податоци вели не им биде дадени.
„Ниту еден граѓанин ниту кај нас ниту било каде во светот може да добие било каков формулар како се изјаснил. Тоа останува тука, тоа се лични податоци, не смеат да се даваат јавно, ова е правило кое што постои откако постојат пописите и важи за сите земји во светот. Жал ми е што одредени држави не е само бугарската држава барале од нас и досега во изминатите години, за оние лица кои што аплицираа за нивно државјанство да достават како се изјасниле во пописот. Никој ниту добил, ниту некогаш ќе добие, ниту има право да добие ниту ние имаме право и смееме да дадеме ваков податок“, вели Апостол Симовски.
Притисокот на пописот започна уште со најавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека граѓани во земјава кои се изјаснувале како Бугари, наводно биле малтретиран и за тоа побара од неговите служби да преземат мерки. Ваквата реакција од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев беше оценета како грубо мешање во внатрешните работи на земјава.
