Османи: Бугарскиот народ ја казни анти-ЕУ кампањата на Каракачанов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Со шефот на дипломатијата дебатираме на различни теми, а една од нив неизбежна е ситуацијата со Бугарија, земја во која вчера имаше парламентарни избори.

А, тие покажаа дека за екс министерот за одбрана Красимир Карачанов и неговата партија ВМРО, нема место во новиот парламентарен состав.

реклама

Еве како го коментираше сето ова Османи во „КликПлус“.

„Не дозволивме да влеземе во приказните на господинот Каракачанов. Пораката од изборите е многу важна, во смисла дека спречувањето на ЕУ перспективата на Северна Македонија, не е тоа што бугарските граѓани го посакуваат. Тоа значи бугарските граѓани не поддржуваат таква политика, и тоа е најсилната порака од изборите. Дека народот не е против европската перспектива, народот бара соработка меѓу двете земји, и се надевам дека тоа ќе се преточи во политички ставови на партиите кои добија глас од бугарските граѓани“, рече Османи.

реклама

реклама
реклама
реклама