Османи денес и утре ќе учествува на Дубровник Форум

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес и утре ќе учествува на традиционалниот Дубровник форум, оваа година тематски насловен „’Пост’ – пандемиска геополитика – заедништво во поделен свет”.

Османи ќе се обрати заедно со своите хомолози и претставници од повеќето земји од нашето пошироко соседство, каде ќе ги претстави погледите на Република Северна Македонија во однос на актуелните случувања поврзани со Евро-Атлантската перспектива на нашата држава и регионот на Западниот Балкан.

За време на престојот во Дубровник, министерот Османи ќе оствари повеќе билатерални средби со шефови на дипломатии на земји-членки на ЕУ и други високи претставници од Европа и САД.