Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во Дејли Клик на ТВ21 рече дека Законот кој го подготвуваат ВРЕДИ и ВРМО-ДПМНЕ на местото на Балансерот не може да се повика на Уставот поради тоа што, како што вели, со последната одлука на Уставен суд е забранета етничката припадност.
„Ќе се усвои Закон за етничката припадност, на кој член на Уставен суд да се повика тој Закон, доколку Уставен суд забрани употреба на етничката припадност за пристап во институциите, во што ќе се повика, секој Закон кога се усвојува се повикува на некој член на Уставот, не може Законот да остане во„ воздух“ без да се основа во Устав. Затоа велам, не е проблем Балансерот, не е проблем Законот. Проблем е одлуката на Уставен според која граѓаните да не ја истакнат нивната етничка припадност. Мене и тебе, по оваа одлука Државата не не познава како Албанци“, вели Бујар Османи.
Не само тоа, со одлуката на Уставен Суд ќе следат последици, вели Османи. Според него во иднина нема да имама ниту Баднетер.
„Ова не е во врска со дигиталниот систем на Балансерот, доколку пратениците, кога ќе се евидентираат во Собрание, некој ќе им каже вие немате право на тоа каква етничка припадност имате, поради одлуката на Уставен, доколку пратениците немаат право да ја произнесуваат етничката припадност, нема веќе Бадентер, без Бадентер нема ниту Рамковен Договор“, вели Бујар Османи.
Во врска со злоупотребите на Балансерот, Османи рече дека имало други начини да се реши тоа а не, како што рече, поради тоа што тече таванот и да ја урнеме целата куќа. Според него Балансерот е само колатерлна штета на овој земјотрес кој се случува. Османи додаде дека да беше ДУИ во Влада немаше да има ваква одлука на Уставен суд.
