Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција истакна дека може да се потврди дека мнозинство има.
Тој додава дека се очекува ова мнозинство дополнително да се зголеми.
„Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата“, изјави Османи.
