Вицепремиерот Бујар Османи вечерва е гостин во „КликПлус“ на ТВ21 заедно со Аријанит Хоџа од БЕСА.
Османи кажа дека веќе ја донирал својата плата во фондот за Ковид-19.
Ова доаѓа после најавата дека сите функционери, министри и пратеници од ДУИ, своите плати ќе ги донираат во битката за справување со коронавирусот, по одлуката на Уставен суд да не дозволи сите функционери да земаат минимална плата од 14.500 денари.
