Османи на “Економскиот форум на Делфи”

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска (9 април) ќе учествува на “Економскиот форум на Делфи” во Грција.

Во рамки на форумот министерот Османи ќе има свое обраќање на панелот “Европа после Украина”, каде заедно со свои хомолози од регионот и пошироко ќе дебатира за импликациите на војната во Украина.

На маргините на форумот Османи ќе оствари бројни билатерални средби со странски шефови на дипломатии и други истакнати политички личности, меѓу кои и со својот грчки колега, Никос Дендиас.