Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил посочува дека изминати се првите 10 дена од пописот во кој за прв пат е опфатена и нашата дијаспора.
Тој посочува дека Министерството е особено ангажирано во овој процес, а отворени се и посебни телефонски линии со цел граѓаните да можат да се обратат од било која точка во светов.
„Апликацијата е едноставна и затоа околу 50 илјади граѓани се самопопишани во првите 10 дена. Амбасадите се ангажирани низ целиот свет за да прават акциски планови за да можат да стигнат до секој граѓанин“, порачува Османи.
