Османи утре домаќин на Шмид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре (22-ри октомври 2021 год) министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе биде домаќин на Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Средбата со Генералната Секретарка, Шмид се одржува во насока на продолжување на консултациите за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. На средбата се очекува да се разменат мислења за прашања од заемен интерес.