Османи во Вашингтон за Стратешкиот дијалог Северна Македонија – САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на престојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Северна Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД. 

Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи ќе оствари и бројни билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк – тенк органзиации.