Османи за трагедијата во Цетиње: Косово е заедно со Црна Гора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод трагедијата во црногорскиот град Цетиње, каде што вчера едно лице уби десет и рани уште неколку други лица, порача дека косовската држава и граѓаните се „заедно со црногорскиот народ во овие моменти на жалост“.

Османи преку својата страница на Твитер им изрази сочуство на нејзиниот црногорски колега, Мило Ѓукановиќ и на семејствата на загинатите и им пожела брзо опоравување на повредените.

„Ожалостена од веста за масовните пукотници во Цетиње во Црна Гора. Им изразуваме сочувство на претседателот Ѓукановиќ, на семејствата кои ги загубија своите блиски и им посакуваме брзо оздраввуање на повредените. Ние стоиме заедно со црногорскиот народ во овие моменти на жалост“, напиша Османи.

Еден 34-годишен жител на Цетиње вчера уби со огнено оружје десет свои сограѓани, меѓу кои и две деца, пред и самиот да биде убиен од полицијата.

Црна Гора поради трагедијата прогласи тридневна национална жалост.