Осомничениот за пукањето во Вашингтон служел со американските сили во Авганистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осомничениот за пукањето во Вашингтон, Рахманула Лаканвал (29), служел со американски војници во Авганистан пред да дојде во Соединетите Држави во 2021 година, потврди неговиот роднина.

Лаканвал, според неговите зборови, поминал 10 години во авганистанската армија, делумно во базата во Кандахар, каде што ги поддржувал американските специјални сили, пишува NBC.

Роднината рекол дека „не може да верува“ дека Лаканвал може да изврши напад.