Занаетчиството во Охрид изумира, како и во речиси секој друг град во земјава. Од 20 чевлари останаа само 4. Постои ризик тие своите занаетчиски работилници да ги затворат доколку државата не им помогне. Низ Македонија има 1000 занаетчии што според занетичиската комора е исклучително мала бројка.
Пред 7 години за секое ново вработување државата ги ослободуваше занаетчиите од персонален данок и данок на доход 3 години. Ова беше период кога многу луѓе се пријавуваа за вршење на оваа активност, дури 40 нови активности годишно, велат од Комората.
Во Охрид во моментов се регистрирани околу 300 занаетчии, од кои најголем број бербери и салони за убавина. Од Стопанската комора велат дека исчезнувањето на занаетчиството се случува затоа што државата нема стратегија за нивен развој.