Оставката на Заев сè уште не е пристигната во Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оставката на премиерот Зоран Заев сè уште не пристигнала во Собранието на Македонија, брифираат од собраниските служби за ТВ21.

Инаку, опозицијата најдоцна до 14:30 часот денеска ќе чека премиерот Зоран Заев најавената оставка да ја достави до Собранието.

Доколку тоа не се случи, како што најавија, во Собранието ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера повтори дека е обезбедено мнозинство кое ќе изгласа недоверба на Владата, доколку премиерот Заев не ја поднесе оставката. Истовремено, тој ги повика и останатите пратеници, покрај оние 61 кои, како што напомена, се веќе дел од мнозинството, да им се придружат.