Заев сè уште не ja доставил оставката во Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оставката на премиерот Зоран Заев сè уште не е доставена во Собранието, информираат од Собранието.

Партиите од владејачката коалиција пред неколку дена излегоа со став дека тие не се согласуваат со одлуката на Заев.

Според член 219 од Деловникот на Собранието, „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.