Вака беше најавено дека ќе изгледа новиот проект за Бит Пазар од тогашниот градоначалник Изет Меџити.
„Сме ги земале предвид сите фактори, елементи за да се зачува Бит Пазар и да создадеме модерни услови и стандарди, за да биде подобро за тезгаџиите и за тие кои го посетуваат Бит Пазар и новата архитектура да биде прилагодена на Старата Чаршија“, истакна Изет Меџити.
Години подоцна Бит Пазар не доби нов модерен изглед како што беше најавено.
Во 2016 година Меџити најави дека во прашање се денови кога ќе почне реализацијата на овој проект.
„Во прашање се донови да почне реализацијата на капиталниот проект во општина Чаир“, додава Изет Меџити.
Иако поминаа 8 години од презентирањето на порекот, за тоа зборуваше и наследникот на Меџити, Висар Ганиу.
„Време е сите да соработуваме за да се поправи инфраструктурата во ова зона“, вели Висар Ганиу.
Од општина Чаир ни рекоа одговор да побараме од Скопски Пазар. Од Скопски пазар за ТВ21 ни рекоа дека поради пандемијата неколку фази се временски пролонгирани.
„Пролонгирање на рокот за завршување е последица на здравствената криза која не зафати сите нас и неколку фази беа временски пролонгирани од стана на изведувачот. Воедно сакаме да ги информираме сите наши корисници дека во новиот дел има на располагање околу 100 празни тезги кои во моментот можат да ги задоволат сите нивни потреби“, велат од Скопски пазар.
Продавачите велат дека најголема мака имаат со производите кои ги продаваат, поради тоа што губат на квалитет.
„Производите губат на квалитет и потоа се бараат нови модели, тие кои се постари треба да се фрлат, никој не сака да ги купи со прашина. Ова е нашиот тежок живот, има многу ветувања но ништо не се прави“, вели продавач од Бит Пазар.
Додека да биде покриен целиот пазар, тезгаџиите во неизградениот дел се соочуваат со дождот и студот.
