Осум лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 8 починати лица:

  • Пет пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г)
  • Еден пациент од Куманово (66г)
  • Еден пациент од Гостивар (61г)
  • Еден пациент од Прилеп (76г)

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.