Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19.
Пријавени се вкупно 8 починати лица.
- Два пациенти од Куманово (73г и 81г)
- Два пациенти од Охрид (55г и 85г)
- Еден пациент од Скопје (80г)
- Еден пациент од Велес (54г)
- Еден пациент од Струмица (80г)
- Еден пациент од Берово (84г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.
