Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1525 тестирања, а регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19.
Борбата со коронавирус ја изгубиле осум лица:
- Едно лице од Скопје (75г)
- Две лица од Куманово (61 и 65г)
- Едно лице од Штип (71г)
- Едно лице од Битола (66г)
- Едно лице од Охрид (79г)
- Едно лице од Радовиш (75г)
- Едно лице од Кочани (67г)
Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84024, бројката на оздравени пациенти е 62929, на починати е 2530, а бројот на активни случаи изнесува 18565.
