Руската армија изврши напад со беспилотни летала врз Одеса, во кој беа повредени најмалку осум лица, објави денес Укринформ.
Градскиот совет на Одеса објави на Телеграм дека во нападот се оштетени станбени и административни згради, штала и автомобили.
На повредените им е укажана потребна медицинска помош. Исто така, во утринскиот напад врз селото Шуми е повредена и 62-годишна жена, јавува Танјуг.
