Сексуална, трудова трговија со луѓе, питачење, продавање на органи, принудни бракови експлоатација во која најголем број жртви се деца. Ако до пред 10 години жртвите беа на возраст од 16 години па нагоре, сега е поместена границата од 10 години нагоре. Тоа произлегува од се почестата и неконтролирана употреба на интернетот, според инстражувањата на „Отворена Порта“.
„Оваа година имаме 8 жртви на трговија со луѓе. Од тие 7 се малолетници односно деца. Тоа само по себе говори дека криминалците баш ја таргетираат онаа група која најмногу го користи интернетот, а најмалку е информирана од опасностите кои произлегуваат од интернетот“, истакна Магдалена Несторовска.
Најмладата жртва имала само10 години, сега има 11. Во моментов „Отворена Порта“ асистира на 6 лица на трговија со луѓе од кои сите деца.
„Децата се најранлива категорија тие се манипулирани, под присила, под закана се принудувани да извршуваат дејствија онлајн кои се недолични за нивната возраст овие видеа одат некогаш во живо некогаш се споделуваат на порнхабови некогаш се споделуваат меѓу пријателите. Такви видеа се шират помеѓу децата снимени од самите деца кои стигаат до предаторите и потоа почнуваат преку закани да ги тераат децата со вршење чинови кои се недолични за нив и ги продаваат и препродаваат на одредени сајтови“, посочи Јасмина Димишковска.
Направена е измена на Кривичниот законик со што последната санкција што е изречена е над 17 години за криминалецот кој вршел трговија со луѓе. 0800 11111 е контакт телефонот каде можат да се пријават обиди за трговија со луѓе или да се добијат совети од стручен персонал како да се заштитиме од оваа појава.
