Одбирањето на храна и тоа како може да влијае на квалитетот на спиењето. Ако се борите со несоница, или се будите уморни, време е да направите проверка на тоа што јадете и кога.
Ако конзумирате премногу кофеун, тогаш може да ви го поремети сонот, па дури ако се конзумира и шест часа пред спиење. Кофеинот го спречува делувањето на аденозин, кој има својства на мозокот да му сигнализира кога е време за спиење.
Доколку јадете обилни оброци, тогаш може да имате проблем со спиење. Тестенини во кремаст сос можеби звучат привлечно, но тој оброк е тежок за вечерните часови и може да предизвикуваат надуеност, и да пречат во спиењето.
Конзумирањето на премногу шеќер исто така влијае на квалитето на сонот. Пред спиење избегнувајте намирници кои содржат шеќери.
Исто така зачинетата храна може да го поремети квалитетниот сон и да ви отежне спиењето. Избегнувајте зачинета, кисела или солена храна затоа што може да предизвика жед, со што ќе се будите во текот на ноќта.
Чаша вино може ќе ви помогне да заспиете, но конзумирање на алкохол пречи со тоа што ќе јави потреба за нужда, како и за појава на главоболка.
Конзумирање и на премногу течности во вечерните часови може да предизвика често да се будите поради одење во тоалет.
