Откажан годинешниот Карневал во Рио

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наскоро ќе користиме банани за управување со видео игри

Компанијата „Сони“ поднелa барање за патент наречен „систем и метод за генерирање на кориснички внесови за видео игри“, кои...

Не ја користете левата рака, не одбивајте овошје, не го солете јадењето… 7 работи кои треба да ги избегнете во други држави

За да не излезете дека сте непристојни во некои држави кога патувате низ Светот, добро е да знаете некои...

Што се случува со телото кога секој ден ќе истрчате по 1,5 километри?

Трчањето е физичка активност која или ја обожавате, или ја мразите. Но, оваа активност има свои предности за здравјето....

Растурена свадба и затворен ресторан во Тетово

Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, пренесува „Плус Инфо“. Полицијата го...

Коневски: Му посакуваме на Мицкоски што побрзо да оздрави и потоа да даде отчет пред делегатите

Екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го повика сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде отчет за сработеното...

Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот Карневал, поради пандемијата на Ковид-19.

„Никогаш не сум ја криел својата страст кон карневалот и го знам стопанското значење на овој културен настан за нашиот град. Сепак, се чини, неразумно е да се замисли во ова време, дека можеме да го организираме Карневалот во јули”, напиша Едуардо Паис на Твитер.

Тој притоа вети дека ќе им помогне на сите Бразилци кои работат цела година за да ја организираат оваа огромна прослава. Карневалот во Рио обично се одржува во февруари или март, непосредно пред да започне постот. Во септември минатата 2020 година, училиштата за самба коишто ја организираат парадата, одлучија да го одложат Карневалот за јули годинава, поради пандемијата, образложувајќи дека дотогаш, веројатно, ќе се најдат вакцини.

И покрај почетокот на имунизацијатта во Бразил во неделата, градоначалникот смета дека сѐ уште би било невозможно да се организира најголемиот фестивал во светот, кој привлекува милиони луѓе на улиците на Рио секоја година.

По САД, Бразил е на второто место во светот по смртност од коронавирусот, со вкупно над 213.000 смртни случаи.