Откриени остатоци од манастир од 5. век во Египет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тим археолози од Франција и од Норвешка, на западот во Египет во пустина, откриле остатоци од христијански манастир од 5. век, кој дополнително ќе придонесе да се добие увид во секојдневниот живот на монасите во тој период.

„Француско-норвешки тим откри остатоци на локацијата Тал Гануб Каср ал-Агуз во оазата Бахарија. Станува збор за неколку остатоци, неколку остатоци од кал“, сооптшуваат од египетското министерство за антиквитети.

„Манастирскиот комплекс сочинува шест сектори во кои биле изградени три цркви, монашки простории и ѕидови со симболи кои носат обележја на египатските Копти“, рече Осама Талат, главен во одделението на исламски, коптски и еврејски антиквитети во министерството.

Египетските лвасти во последните неколку месеци соопштуваа за откритија на неколку локации, надевајќи се дека ќе ја унапредат туристичката понуда.