Отворен најдлабокиот базен на светот (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најдлабокиот базен на светот, во Полска, поради пандемијата на коронавирусот, вчера беше отворен и работеше само кратко. Тој е најдлабокиот симулатор за нуркачите во светот.

„Не е само базен, туку и симулатор за нуркање. Затоа е се во склад со прописите“, одговориле од базенот на прашањето како отвораат базен, со оглед дека не е дозволено поради коронавирусот.

Дипспот е длабок дури 45 метри, подлабок за три метри од минатиот најдлабок базен во Падова во Италија. Дипспот веќе прима резервации за посетители, со сите пропиашни мерки.

Базенот има капацитет за 45 лица на еден час, а нуркачите снимаат со подводни камери, а ако сакаат, добиваат и снимка за да ја анализираат својата техника на нуркање.

Покрај најдлабокиот базен се и пет соби за нуркачите под нивото на водата, па може да се види што прават во базенот.

Температурата на водата е околу 32 степени.