Меѓународен медиумски бренд, ја употребил својата мрежа на уредници од целиот свет, и анкетирал околу 27 илјади луѓе за да ја склопи листата на најдобрите градови на планетата.
Земени во предвид се ноќниот живот, рестораните и културните случувања на секој град, како и чувсството на градската заедница која после Ковид-19 можеби е најважниот фактор.
Исто така се испитани иницијативите на градовите за заштита на околината, нивната активност и општата пријателска наклонетост.
За најдобар град е одбран Сан Франциско, поради нивниот одговор на пандемијата, и поради една од најголемите стапки на вакцинирани граѓани.
На второ место е Амстердам, додека трет Манчестер.
Целата листа на 10-те најдобри градови:
- Сан Франциско, САД
- Амстердам, Холандија
- Манчестер, Англија
- Копенхаген, Данска
- Њујорк, САД
- Монтреал, Канада
- Прага, Чешка
- Тел Авив, Израел
- Порто, Португалија
- Токио, Јапонија
