Од блескави пустински оази до древни леднички базени, ова се повеќе од само водни површини.
Објавена е листата на најубавите езера во светот, а на првото место се најде езерот Пејто во Канада. Сместено во државата Алберта, ова тиркизно езеро е главна атракција на Националниот парк Банф во Канадските Карпести Планини. Ледничко езеро, со речиси неверојатна боја, е резултат на еродирање на карпите од страна на водата, ослободувајќи честички во езерото што му даваат брилијантна нијанса.
Второто место е за езерото Лагуна Колорада во Боловија, а третото место му припадна на езерото Моно во Калифорнија, САД.
Плитвичкото езеро во Хрватска се најде на листата на чеврттата позиција. Петото место го држи Соленото езеро во Боливија, потоа следува Езерото на медузи во Палау, на седмата позиција се езерата Ковадонга во Шпанија, осмо место за езерото Миватн во Исланд, и на деветата позиција Титикака во Перу и Боливија.
