На социјалните мрежи беше објавено видео од моментот кога толпата упадна во зградата на Конгресот во Вашингтон.
Снимката покажува дека немирите лесно ја совладале полицијата и чуварите кои ја обезбедувале зградата на Капитол. Со татнеж, навивање, веење американски знамиња, фрлање предмети, па дури и тепачка со полицијата, толпата на крајот успеа да влезе во зградата на Конгресот.
Снимката најпрво беше објавена на ТикТок, а потоа и на Твитер.
This video of the siege of the Capitol on TikTok is crazy and different than I had seen pic.twitter.com/JXwvKVLjxB
— Matt Jones (@KySportsRadio) January 7, 2021
Четири лица загинаа, а 52 се уапсени откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот во средата за да спречат потврда за изборната победа на неговиот наследник Џо Бајден, соопшти полицијата на американскиот главен град.
