Ова е стартниот состав на Македонија за мечот против Казахстан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, го одреди стартниот состав за мечот против Казахстан во рамките од 4. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.

Милевски се одлучи за три замени во однос на тимот кој играше против Белгија пред неколку дена. Така во стартниот состав влегуваат Александар Трајковски, Дарко Чурлинов и дебитантот Стефан Деспотовски. Од комбинација испаднаа Јани Атанасов, Бојан Илиевски и Андреј Стојчевски.

Инаку на овој меч селекторот Благоја Милевски нема да го води националниот тим од клупата. Поради суспензија, тој ќе мора да биде на трибините, а на клупата ќе „диригира“ неговиот помошник Роберт Стојановски.