Доколку планирате да се преселите во странство, можеби ќе ве интересира во кои земји најмногу и најмалку се работи. Организацијата за економска соработка и развој, состави листа на земји во кои работното време трае најкратко. Резултатите не се од оваа година, туку собрани од минатите години, но веројатно листата нема да доживее драстична промена и во следните години.
Земјата со најкратка работна недела е Холандија, а потоа Данска, Норвешка.
Според податоците, во Македонија во 2020 година се работело 40,9 часови неделно, што е последен податок на оваа листа.
Земји со најкратка работна недела:
- Холандија 29,5 часа
- Данска 32,5 часа
- Норвешка 33,6 часа
- Швајцарија 34,6 часа
- Австрија 35,5 часа
- Белгија 35,5 часа
- Италија 35,5 часа
- Ирска 35,6 часа
- Шведска 36 часа
- Финска 36,3 часа
