Сезоната на пливање е почната, а она што многумина го занемаруваат е храната пред влегувањето во вода. Најважно правило е во вода да се влезе барем 30 минути после јадење. Исто така има и намирници кои не треба никако да ги конзумирате пред пливање.
„Лутата“ храна е опасна затоа што телото најмногу е во хоризонталната положба додека пливаме, па може да дојде до појава на киселина, а зачинетата храна може уште повеќе да го влоши проблемот. Затоа не јадете луто, но и јадење полно со зачини.
Исто така пред пливање не е пожелно да се јаде ниту грав, грашок и слична храна. Содржат многу влакна што е добро за здравјето, но создава надуеност, грчеви, што може да го расипе уживањето.
Што се однесува до пијалоците, и тука постојат ограничувања. Газирани пијалоци, сокови полни со шеќер како и алохолот предизвикуваат грчеви, но и способност за брза реакција и процени (алкохолот). Енергетските пијалоци може да предизвикаат дијареја, мачнина а неретко доведуваат и до дехидрација.
