„Оваа нова ненормална нормалност ќе трае уште една година, тоа комбинирано со попуштањето на мерките кај граѓаните предизвикува преголема опуштеност, преголемата опуштеност ја гледаме секојден на улиците, а тоа е да имаме масовно непочитување и на препораките, и на уредбата донесена од Владата за тоа дека граѓаните се должни да носат лична заштита“, посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во „Click Plus“ на ТВ21.
