Овие хороскопски знаци се „мајстори“ во кујна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според астролозите, припадниците на овие три знаци од хороскопот имаат талент за подготвување и служење на храна. Меѓу нив се Девица, Рак и Лав.

Девица: Жените Девици се познати како перфекционисти на сите полиња, па така нивната кујна е беспрекорна. Како се во кујната е „под конец“, останатите членови на домаќинството Девицата ќе ги испрати надвор, додека таа „царува“ во кујната. Грижата за куќата и кујната ја превзема на себе.

Рак: Раковите генерално се фамилијарен тип на луѓе, па така жената Рак најдобро се чувствува во кругот на семејството. За неа најважно е да му угоди на својот партнер, а под тоа се подразбира тоа да тој никогаш нема да биде незадоволен од рецептите од нејзината кујна.

Лав: Жените Лавови се амбициозни секогаш, па така и во кујната. За секоја фамилија ќе креира уникатно и луксузно јадење. Таа сака да биде во право и да ја земе работата во своите раце, па е идеална животна сопатничка за оние мажи кои се неодлучни по прашањето за храната.