Овие намирници не смеете да му ги давате на вашето куче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сето она што е вкусно за луѓето, никако не смеат да го конзумираат нивните миленици. Некои намирници и напитоци се токсични, и за кучињата може да бидат дури и фатални.

Грозје во било каков облик, содржи киселина која може да предизвика проблеми со бубрезите.

Кучињата исто така не смеат да конзумираат кафе (доколку случајно го заборавите), затоа што во некои случаи може да предизвика смрт.

Исто така и какаото и чоколадото се проблематични за кучињата. Кромидот е отровен за кучињата и тоа во количина од 5-10 грама по килограм тежина.

Исто така кучињата не треба да конзумираат ниту авокадо, кое може да предизвика дијареа или повраќање.