Овие земји се најлошите домаќини за туристите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без разлика дали сте на викенд или на одмор, грубите или непријатните локални жители можат целосно да ви го расипат уживањето. Значи, ако не сакате да ве избегнуваат келнерите и да ве одбиваат таксистите, тогаш Пакистан и Русија дефинитивно не се дестинации за вас.

Светскиот економски форум (СЕФ) објави листа на земји каде локалното население е најмалку пријателски настроено кон туристите ширум светот. На списокот се наоѓаат дестинации каде туристите не само што не се добредојдени, туку локалното население целосно ќе ги избегне. Интересно е да се забележи дека, и покрај нејзината репутација, Франција не е ни блиску до врвот.

Извештајот на СЕФ за „односот на населението кон странските посетители“ ги рангира дестинациите врз основа на бодовите што ги добиваат, од 1 (многу непожелно) до 7 (многу добредојдено). Рангирањето користи и анкети на светски патници, но ја оценува и туристичката инфраструктура и содржината.на дестинации.

Најмалку гостопримлива земја во светот за туристи е Боливија, потоа Венецуела и Русија. Единствената земја од нашиот регион, Бугарија е на деветтото место, што е прилично изненадувачки, ако се земе предвид дека Бугарите се познати како традиционални и добри домаќини.

Според меѓународната статистика за пристигнување на туристи, извештајот исто така покажува дека Европа останува водечки туристички регион за конкурентноста на патувањето и туризмот. Првите пет земји во светот каде туристите се секогаш добредојдени се наоѓаат на Стариот континент, додека меѓу првите 20 има дури 13 од Европа.

Земјите кои се најмалку гостопримливи за туристите се:

Боливија
Венецуела
Русија
Кувајт
Литванија
Иран
Пакистан
Словачка
Бугарија
Монголија