Оздраве тренерот на Реал Мадрид, а сега се зарази претседателот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се врати на тренинзите на својот тим, откако беше во 14-дневна изолација поради коронавирусот.

И само што се врати тренерот, сега во изолација заминува претседателот Флорентино Перез.

Реал Мадрид денеска соопшти дека Перез е позитивен на вирусот. Тој се чувствувал одлично, и немал никакви симптоми.

73-годишниот Перез спаѓа во ризични граѓани, но лекарите будно ја следат неговата состојба.